Македонија

Сите 149 бегалци од Авганистанци кои вчера пристигнаа во Скопје се негативни на коронавирус

Сите 149 бегалци од Авганистан кои вчера со компанијата „Камаир” преку Тбилиси, Грузија пристигнаа на Меѓународниот аеродром Скопје се негативни на коронавирус.

– Сите граѓани кои синоќа пристигнаа од Авганистан на привремен престој се негативни на ПЦР Ковид -19 етстовите, велат од Владата за државната МИА.

Стабилна е и здравствената состојба на бегалците, а одлично се чувствуваат и петте трудници, од кои едната денеска се породи и на свет донесе здраво машко дете.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни