Од денеска (1-ви септември), стапува на сила новата мерка на Владата со која за влез или излез од Македонија треба да бидеме целосно вакцинирани, негативен ПЦР тест или пак да го имаме прележано коронавирусот
Од Владата појаснуваат дека ПЦР тестот е документ кој се бара и во други држави, па граѓаните мора да го имаат и дека тоа не претставува дополнителен трошок за граѓание.
Додаваат дека нема можност за тестирање на граничните премини, туку граѓаните ПЦР тест да направат пред да пристигнат на граница.