Свет

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран крај брегот на Чиле, соопшти американскиот геолошки институт.

Според научниците, епицентарот бил лоциран 96 километри југозападно од градот Копиапо (со население од околу 129 илјади луѓе) на длабочина од 17 километри.

Засега нема информации за жртви или материјална штета. Не беше издадено предупредување за цунами.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни