Македонија

Под слоганот АЈДЕ ДА МЕНУВАМЕ ЖИВОТИ, СОС Детско село започна со нова кампања

Под слоганот АЈДЕ ДА МЕНУВАМЕ ЖИВОТИ, СОС Детско село од 01.09.2021 започна со нова кампања и активности на терен. Имено, со цел да ја доближиме работата на нашата хуманитарна организација поблиску до граѓаните, почнувајќи од денес на повеќе локации низ Скопје ќе можете да ги сретнете нашите СОС претставници.

Ако видите ведар, оптимистичен, полн со енергија тим облечен во портокалови брендирани маички , тоа се нашите СОС амбасадори; пријдете и чујте ја нивната приказна.

Од нив ќе може да дознаете за најемотивната хуманитарна кауза која допира до секој од нас – за поддршката на децата без родителска грижа и воедно ќе може да ги добиете сите информации за тоа како секој од нас индивидуално може да помогне и да биде дел од еден благороден процес – да помогне за обезбедување на посигурна иднина на најранливите.

СОС Детско село веќе 20 години дава поддршка на децата и младите без родителска грижа и тоа се одвива секој ден, месец, година и така 365 дена во годината….Посветеноста и поддршката на децата и младите без родители и родителска грижа не може да застане, да прекине. Затоа поддршката од секој индивидуалец кој верува во нашата кауза е од огромно значење за континуитетот и одржливоста на нашата работаи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни