Живот

Денеска е Св. маченица Васа Солунска

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 август.

Васа беше жена на некој идолски жрец, но истовремено и тајна христијанка. Таа и своите синови ги воспита во Христовиот дух. Нејзиниот маж ја намрази поради тоа и ја предаде заедно со синовите на локалниот судија.

Тука беа погубени нејзините синови, а самата Васа се овенча со маченички венец на некој остров во Мраморното море. Света Васа и нејзините синови пострадаа за време на римскиот император Максимијан.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни