Македонија

Земјотрес вечерва кај Струмица – ова се деталите

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 19 часот, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа, 120km југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML2.2, а беше почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

May be an image of text that says 'Valandovo Applied filter: WWSSN-SP 01:00 01:30 02:30 09:00 2021-09-02 14:00 15:30 17:30 18:30 19:00 20:00 20:30 21:00'
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни