Македонија

В недела невреме, најавуваат од УХМР

И утре ќе се задржи стабилно и нешто потопло време, освен на крајниот југоисток каде ќе има услови за краткотраен дожд.

Под влијание на влажен бран од југ, во недела уште од раните утрински часови облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд, а преку денот на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи. Понестабилно со пообилен дожд (локално над 15 л/м2 за кратко време) и грмежи ќе биде во јужните делови од земјава, каде температурата значително ќе се намали.

Локален дожд, претежно на запад, ќе има и во понеделник.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни