Живот

Денеска е Св. маченици Агатоник, Зотик и други

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 август.

Денешниве маченици Агатоник, Зотик, Принкипс, Теопрепиј, Акиндин, Северијан, Зенон и многу други со нив беа фрлени в затвор во градот Никомидија, како христијани, при еден прогон за време на римскиот цар Максимијан.

Оттука беа препратени во Визант. По патот многу од нив потклекнаа од измачувањата и од исцрпеност, а свети Агатоник со останатите беше убиен пред очите на царот во местото Силим¬врија, во Тракија. Така пострадаа овие свети маченици и се преселија во радоста на својот Господ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни