Македонија

Речиси 15 илјади активни случаи во Македонија

Министерството за здравство информираше вчера дека од направени 5.865 тестирањe, регистрирани се 722 нови случаи на ковид-19.

Регистрирани сe 574 оздравени пациенти, додека пак пријавени се 26 починати лица, од кои најмладиот е на возраст од 23 години.

Досега во земјата се направени вкупно 1.175. 766 тестирање на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.879, бројката на оздравени пациенти е 157.868, на починати е 6.013, а бројот на активни случаи изнесува 14.998.  

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни