Македонија

Костадинов: Во финална фаза е изработката на програмата со која ќе се претставам пред моите струмичани и струмичанки

Актуелниот пратеник и портпарол на СДСМ, скоро доби уште една титула, кандидат за градоначалник на Струмица. Функцијата не е непозната за него, бидејќи во еден период тој беше и в.д градоначалник на Струмица.

„Имам силна и мотивирана екипа составена од многу млади, но и возрасни струмичани, од населените места, но и од градот, кои знаат да ги постават контурите на најдоброто за нашата општина. Програмата со која ќе излезам пред вас ќе биде мегдан и мотив за секој еден струмичанец да го даде најдоброто од себе“, вели Костадинов.

Најавува дека ќе биде градоначалник кој ќе ги слушал потребите на граѓаните, и соодветно ќе ги имплементирам во конкретни дела и проекти.

„Мои струмичани од почетокот на мојата кариера сум бил отворен за комуникација, мојот број го знае речиси секој. Доколку имате идеја за вашето маало, која сакате да биде составен дел од нашата заедничка победничка програма, мојот број е 075/207-451“, додава Костадинов.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни