Свет

Словачка казнета од Европскиот суд за човекови права поради неиспитување расизам

Словачка мора да плати 50.000 евра на двојка со ромско потекло, чии роднини биле убиени од полицаец што не бил на должност, одлучи Европскиот суд за човекови права.

Според Судот, словачкиот правен систем не испитал дали полицаецот дејствувал со расистички мотив.

Словачкиот суд го осуди полицаецот на деветгодишна затворска казна за убиството што се случило во 2012 година во Хурбаново, а експертите откриле дека тој бил психички нестабилен.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни