Вчера (5 септември) полициски службеници на СВР Тетово, во рамките на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека 1 лицe од тетовска Волковија и 1 лице од Гостивар, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и не се наоѓале во нивните домови.
Против овие лица ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик.