Македонија

Пет лица од Скопје и Гостивар фатени со марихуана

На 06.09.2021 во 01.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Драчево го лишиле од слобода А.С.(44) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.09.2021 во 21.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош ја лишиле од слобода И.Д.(32) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.09.2021 околу 21.00 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода  М.А.(22) и Ј.К.(28), двајцата од Гостивар и Ќ.А.(21) од гостиварско Падалиште затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Тројцата биле задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни