Македонија

Изменет сообраќаен режим во Скопје – еве кои улици ќе бидат затворени

Денеска е најавен е мото-пешачки протестен марш од Скопски саем кон Влада на РСМ. За таа цел од 10,30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај:  бул. “Гоце Делчев”  на потег од ул. “Беласица” кон бул.“Илинден“ и бул.”Илинден” на потег од бул.”Гоце Делчев” до бул.”Климент Охридски”.

Со почеток од 13,30 часот најавен е протест кој треба да почне од плоштад ,,Скендербег“ за потоа да продолжи до канцеларијата на ЕУ.

За таа цел од 13,30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај бул.”Гоце Делчев”, бул.”Илинден” и бул.“Климент Охридски”.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници како и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни