Македонија

Трајчевски: Вадевме луѓе со кревети, дел мртви, некои можеби живи – имаше експлозии

Сашо Трајчевски, заменик командир на Пожарната во Тетово соопшти вечерва детали за пожарот кој изби во Модуларната болница во Тетово.

„Повикот за пожарот беше во 21.02 минути. Излеговме одма, со 7 возила и 30 пожарникари. Од сите страни беше блокирано, додека се гасеше, се вадеа мртви, може некои луѓе беа и живи. Се беше во пламен. Ги ризикувавме и своите животи. 

Имаше експлозии, пожарот брзо се ширеше. Во 21.45 е ливидиран пожарот комплетно

Вадевме луѓе со креветите. Тоа е модуларна болница, пожарот експресно се ширеше, изјави Трајчевски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни