Живот

Синди Крафорд ја рекреираше познатата поза од младоста: Ова е доказ дека за неа годините се само број

На својот профил на Инстаграм, таа сподели фотографија во тексас шорцеви и бела маица имитирајќи ја култната реклама за Пепси од 1992 година.

Таа одлучи да ја направи фотографијата за добротворни цели, со цел да собере средства за детската болница „Американско семејство“.

„Секогаш е задоволство и возбуда да се работи со мојот пријател Дејвид Џероу, а уште повеќе кога станува збор за добротворни цели. Се вративме во 1992 година за да рекреираме историски момент и да собереме средства за детска болница. Досега, со помош на Дејвид, веќе собравме милион долари. Му благодарам и на мојот фризер Питер Савиќ кој ми ја направи познатата фризура. Воодушевена сум што успеав да бидам дел од сето ова и мислам дека успеавме“, напиша Синди покрај фотографијата што ја објави на социјалните мрежи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни