Македонија

ВИДЕО: Се појави нова снимка од пожарот во Тетово – се слушаат неколку експлозии

Се појави нова, аматерска снимка од пожарот на ковид болницата во Тетово. Овој пат оваа е од другата страна на реката, од каде јасно се гледа дека низ пожарот, има и неколку експлозии, веројатно од кислородот.

Катастрофалниот пожар кој се случи на 8. септември во 21 часот, одзеде 14 животи на пациенти кои се лекуваа од ковид.

Пожарот придонесе за оставки на првите луѓе на здравството Филипче и Хасани, а оставки поднесоа и директорите на болницата во Тетово.

Погледнете ја најновата снимка на пожарот на ковид-болницата во Тетово.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни