Министерот за транспорт и врски и вечерва при пристигнувањето на „Европскиот воз“ ја искористи приликата да се пофали дека е завршена пругата Битола-Кременица, но не кажа зошто воз и по три години од завршувањето на изградбата, воз не тргна.
Пругата со која Битола железнички ќе се поврзе со Грција е изградена во 2019 година.
Проектот е финансиран од државниот буџет и средства од Евопските фондови, а во изминатите години беше проследен со многу проблеми при изведувањето, поради што се закануваше опасност Македонија да ги изгуби парите од европските фондови. Станува збор за проект од 17,2 милиони евра, од кои 6 милиони се ИПА средства, а 11 милиони евра се од буџетот.
Кракот од Битола до пограничното битолско село Кременица, на самата гранична линија со Грција е во должина од 18 километри. Пред неколку години и пругата од грчка страна е целосно обновена со пари од европските фондови, а сега е направено и поврзување со делницата од македонска страна. Крак со станица за претовар има и во индустриската зона „Жабени“ кај Битола, покрај која минува пругата.
По оваа пруга воз од Македонја кон Грција не поминал 32 години. Старата пруга била изградена во 1894 година, а во текот на нејзиното славно минатот во Битола со воз допатуваеле многу историски личности, конзули, патописци…