Сите политички партии на големо се во изборна кампања иако истата официјално не е започната. Средби со граѓани, посети од врата на врата, па дури и непочитување на епидемиолошките мерки може да се забалежи на фотографиите кои самите ги објавуваат на социјалните мрежи.
Сите овие, постојано се залагаат за правда и правна држава, но ниту самите не ги почитуваат законите сега, а што да оочекуваме ако евентуално би дошле на функција, или како тие бие барале да се почитуваат законите, кои и самите ги кршат?
Во нашата држава има закон, со кој точно се предвидува кога започнува изботната кампања, се тоа е пропишано во роковникот на Државната изборна комисија.
VI.3. За изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми. Изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.
Извадок од роковникот на Државната изборна комисија
Активни се владините функционери кои како поддршка на локалните власти промовираат проекти, пуштаат патишта, отвораат градинки, спортски сали, ветуваат инвестиции и се фалат што направиле досега. Актуелни министри одат на маалски средби.
Изборната кампања официјално трае три недели пред одржувањето на изборите. Во тој период ДИК, Јавното обвинителство, странски и домашни набљудувачи ги следат активностите на политичарите и доколку се злоупотребува кампањата може да одговараат пред законот.