Живот

Најпознатата членка на Пинк Пантер се појави со синот на премиерата на филмот Тома

Поранешната членка на организираната криминална група „Пинк Пантер“ Оливера Ќирковиќ се појави на премиерата на филмот „Тома“ со нејзиниот син Никола Ќирковиќ, а потоа и на забава во белградско кафуле.

Имено, таа на премиерата дојде придружувана од синот Никола, елегантно облечена. Таа беше во бела кошула, додека пак синот беше со костум за таа пригода.

Инаку, Никола Ќирковиќ се занимава со кошарка, баш како и Оливера своевремено, а тој неодамна ја раскина и врската со пејачката Ангелина со која беше заедно повеќе од 2 години.

„Ме освои со тоа што имаме убава комуникација, добро се сложуваме, тој ми е пријател кој ми се допаѓа и ме привлекува. Пред се тој однос е како некое пријателство. Се разбираме, ме поддржува“, истакна пејачката неодамна за домашните медиуми.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни