Македонија

18, 23 и 31 годишник жртви на Ковид-19 меѓу 41 починат за само 24 часа

За само дваесет и четири часа во земјава починаа рекордни 41 лице, во овој четврти ковид бран. Меѓу најмладите жртви, се и пациенти на 18, 23 и 31 година, информираат од Министерството за здравство.

Во овие моменти не е познава, каква била здравствената состојба на овие починати пациенти, ниту пак има информација дали и колку од починатите биле вакцинирани.

Пријавени се 41 починато лице: 23 починати лица од Скопје (84г, 82г, 81г, 79г, 78г, 77г, 75г, 73г, 71г, 68г, 68г, 66г, 64г, 62г, 62г, 62г, 60г, 56г, 52г, 47г, 31г, 23г и 18г), 4 починати лица од Тетово (82г, 81г, 76г и 69г), по 3 починати лица од Куманово (71г, 69г и 66г) и Кичево (84г, 81г и 63г), по едно починато лице од Прилеп (66г), Гостивар (83г), Битола (72г), Струмица (75г), Охрид (78г), Струга (45г), Кавадарци (79г) и Дебар (54г)Од пријавените 41 лице, 36 се починати во болнички услови, а 5 лица се починати во домашни услови.

стои во ковид извештајот на Министерството за здравство

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни