Македонија

Стигнавме до 1 милион попишани – пописот продолжува

Над еден милион граѓани се попишани денеска до 15 часот, информираат од Државниот завод за статистика.

До 15 часот, денеска попишани се 1.000.034 лица. Попишувањето оди во најдобар ред и согласно планираниот интензитет, информираат од ДЗС.

Граѓаните кои имаат дилеми и нејаснотии во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис и на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.

Од ДЗС, посочуваат, дека успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни