Живот

Платформата „Нетфликс“ освои најмногу „Еми“ награди

Оваа година, „Нетфликс“ ги освои сите вредни статуетки на „Еми“ наградите.

Меѓу нив, највеќе награди освоија британската серија за кралското сeмејство „Круна“ (The Crown) е прогласена за најдобра драма, а „Гамбит на кралицата“ (Queen’s Gambit) е најдобра мини-серија.

Овие две ТВ серии земаа по 11 награди.

Серијата „Тед Ласо“ пак, ги собра наградите за најдобра комична серија, најдобар главен глумец во комична серија (Џејсон Судејкис), како и женска и машка споредна улога (Хана Вадингам и Брет Голдстејн). ТВ-серијата освои вкупно седум „Еми“ статуетки.

Оливија Колман и Џош О’Конор од популарната серија „Круна“ ги освоија телевизиски драмски награди за главни улоги. Тие ги глумеа кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс.

За најдобра актерка е прогласена Кејт Винслет, за мини-серијата „Кобилата од Исттаун“ (Mare of Easttown), а Јуан Мекгрегор победи со улогата на моден дизајнер во „Халстон“.  

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни