Македонија

НОВА АНКЕТА: Даниела пред Петре, Максим води во Куманово, Теута пред ААА во Тетово

“Организацијата за граѓански активизам и независност” која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување поврзано со престојните локални избори во Република Северна Македонија, кои ќе се одржат на 17 октомври 2021годиниа.

Теренското истражување се одвиваше во периодот од 13 септември до 17 септември 2021 на репрезентативен примерок во зависност од големината на општината/ градот Скопје.

  • Во теренското истражување на територија на Град Скопје на репрезентативен примерот од 824 испитаници.
  • Во теренското истражување на територијата на општина Куманово на репрезентативен примерок од 782 испитаници.
  • Во теренското истражување на територијата на општина Тетово на репрезентативен примерок од 718 испитаници.
  • Во теренското истражување на територијата на општина Бутел на репрезентативен примерок од 644 испитаници.
  • Резултатите на прашањето „Дали сметате дека министерот за здравство Венко Филипче треба да поднесе оставка?“  е на репрезенативен примерок од 1156 испитаници на целата територија на Република Северна Македонија спроведена во истиот временски период од истражувањето.

При истражувањето се водеше сметка за демографските особености, последните вредности од одржаните избори и карактеристиките на гласачкото тело.

Анализата опфаќа повеќе делови кои ќе се објават во наредниот период. Статистичката грешка е плус-минус 2%. Резултатите од анкетата се користат за потреби и анализи на самиот институт.

За кој кандидат за градоначалник би гласале во Град Скопје на следните локални избори кои ќе се одржат на 17.10.2021?

Петре ШилеговСДСМ и коалицијата17.4 %
Перо ГеоргиевскиЛевица6.4 %
Александар ТортевскиТвоја Партија1.2 %
Мунир КолашинацБошњачки демократски сојуз1.4 %
Арбен ШаќириКоалиција ЛДП-ДОМ5.4 %
Љубомир ЈосифовскиДемократи1.1 %
Славе НесторовскиТМРО1.3 %
Горан АрсовскиТитови леви сили0.9 %
Владимир ТрајковскиРодина1 %
Тодор НошпалИнтегра1.2%
Данела АрсовскаНезависен кандидат19.3%
Ана ПетровскаНезависен кандидат4.9 %
Не знае/ не сака да каже 20.8 %
За ниту еден 17.7 %

За кој кандидат за градоначалник би гласале во општина Куманово на следните локални избори кои ќе се одржат на 17.10.2021?

Оливер ИлиевскиСДСМ и коалицијата13.9 %
Тони МихајловскиВМРО-ДПМНЕ и коалицијата16.8%
Теодора ДимитровскаКоалиција ЛДП-ДОМ3.6 %
Беким СалиуААА коалција5.4 %
Максим ДимитриевскиНезависен кандидат19.3 %
Не знае/ не сака да каже 22.7 %
За ниту еден 18.3 %

За кој кандидат за градоначалник би гласале во општина Тетово на следните локални избори кои ќе се одржат на 17.10.2021?

Теута АрифиДУИ17 %
Вулнет МурселиААА коалција16.8 %
Сади БеџетиДПА5.4 %
Билјал КасамиБеса5.6 %
Снежана СтојановскаСДСМ и коалцијата7 %
Африм ИбраимиДвижење за држава и правда3.5 %
Не знае/ не сака да каже 24.8%
За ниту еден 19.9 %

За кој кандидат за градоначалник би гласале во општина Бутел на следните локални избори кои ќе се одржат на 17.10.2021?

Велимир СмилевскиСДСМ и коалцијата23.8 %
Дарко КостовскиВМРО-ДПМНЕ и коалцијата26.8 %
Не знае/ не сака да каже 28.6 %
За ниту еден 20.8 %

Дали сметате дека министерот за здравство Венко Филипче треба да поднесе оставка?

Да81.2 %
Не12.4%
Не знае/ нема одговор6.4 %
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни