Македонија

Никој не попушта, законите ќе почекаат

Ниту власта ниту опозицијата попушта. Откако не се усогласија за донесување на Законот за Академија на судии и обвинители постапката се одложува за по локалните избори.

Опозицијата се жали на тоа што власта става европско знаменце на многу закони, што подразбира скратена постапка, односно расправа од три дена. Владејачкото мнозинство пак вели дека однесувањето на опозицијата е да ја блокира и опструира работата на Собранието.

Воедно и денешната пленарна седница иако претходно беше закажана се одложува.

Од Кабинетот на Џафери велат дека Собранието нема да заседава за говорницата да не се користи за предизборен маркетинг.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни