Македонија

Бектеши и Реџепи ќе учествуваат на Министерскиот состанок на Партнерство за трансатлантска енергија и климатска соработка во Варшава

Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на АД „Национални енергетски ресурси“, Бајрам Реџепи од среда 22 септември до четврток 23 септември 2021 година ќе учествуваат на Министерскиот состанок на Партнерство за трансатлантска енергија и климатска соработка (P-TECC) кој што се одржува во Варшава, Полска.

Министерскиот состанок е во организација на Министерството за енергија на Соединетите Американски Држави и Министерството за клима и животна средина на Република Полска.Иницијативата Партнерство за трансатлантска енергија и климатска соработка (P-TECC), меѓународна платформа дизајнирана да им обезбеди на креаторите на политиките и засегнатите страни од граѓанското општество во Источна и Централна Европа ресурси и технички алатки за изградба на безбедни,климатски свесни енергетски системи.

САД, 22 европски земји и Европската унија учествуваат во иницијативата P-TECC. Главен фокус на овогодишниот Министерски состанок ќе биде поставување на климатска акција и праведна транзиција кон иднина со низок јаглерод и распоредување иновативни технологии за чиста енергија што создаваат работни места на двете страни на Атлантикот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни