Македонија

Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ со детали за земјотресот во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес во 16 часот и 04 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 140 km југозападно од Скопје.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.6, а беше почувствуван од населението на нашата Република, особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни