Македонија

Кампањата за вакцианција никако не помогна – медиумите пак се „купуваат“ со државни пари

Владата само што потрошија илјадници евра за задоцнета кампања за вакинација, која пак и по речиси еден месец од промоцијата не дава никакви знаци дека процентот на вакцинирани е значително зголемен.

Со ова Власта си најде и начин како да ги „купи“ медиумите, иако пред да дојдат на власт тие беа најголеми противници против тоа државни пари да влегуваат во медиумите.

Иако направија законски измени, со што се забрани пари од буџетот да влегуваат во медиумите, сепак овој пат, тие преку тендер и избор на агенција, во случајов „Еден на еден“ на големо делат кампањи за вакцинација и тоа на неколку недели пред одржувањето на локалните избори.

Секако, ова треба да биде регистрирано и од надлежните регулаторни тела кои вршат мониторинг врз изборите, со оглед на тоа што, во тек се и кампањи на Град Скопје, Антикорупциска и останати други државни институции.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни