Македонија

Расчистени шест кривични дела: Приведена скопјанка што крадела во Гази Баба

На 22.09.2021 полициски службеници од ЕВР Гази Баба ја лишиле од слобода Б.А.(35) од Скопје поради сомнение за сторени повеќе кривични дела -„измама“ „дрска кражба“ и „кражба“ на подрачјето на Гази Баба.

По судска наредба бил извршен претрес во нејзиниот дом и била пронајдена облеката што ја носела при извршување на кривичните дела.

Во присуство на јавен обвинител било извршено препознавање од оштетените, при што биле расчистени шест кривични дела – три измами, една тешка кражба на дрзок начин и две кражби.

По целосно документирање на случаите против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни