Македонија

Министерот Нуредини во ДУИ пристигна со службен автомобил – „Не верувам дека е злоупотреба, но ако треба ќе одам пешки“

Министерот за животна средина Насер Нуредини во седиштето на ДУИ пристигна во службено возило. Од ТВ21 беше прашан дали тоа е злоупотреба на службениот автомобил, на што тој одговори:

„Не верувам, но доколку е така се извинувам, бидејќи службено бев во Чаир и сега ќе продолжам со работа. И пеш ќе одам ако има потреба“.

Пред две недели, Владата донесе одлука со која се уредува користењето службени возила. Вицепремиерот Љупчо Николовски, вели дека со оваа одлука секој функционер кој ќе злоупотреби службено возило за приватни цели, ќе се соочи со казна.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни