Македонија

ВМРО-ДПМНЕ уште во првиот круг ќе им даде поддршка на Алијанса за Албанците и Алтернатива

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој има договор за предизборна соработка на локалните избори со Зијадин Села и Африм Гаши, вели дека коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе освојат повеќе градоначалнички места од ДУИ.

Тој ова го изјави на брифингот со новинарите, а своето убедување како што вели го темели врз досегашните направени теренски анкети и сондажи за расположението на граѓаните, односно гласачите.

Воедно додава дека не се сигурен за советничките места, бидејќи како што вели тука составот ќе биде многу шарен како никогаш досега.

Јас лично и нашата партија од нашите симпатизери ќе бараме уште во првиот круг да гласаат за кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива во Чаир, Тетово, Сарај, Студеничани, односно таму каде што ние немаме кандидат, и обратно, вели Мицкоски.

Како што вели тој, во текот на предизборната кампања ќе посетат и одредени општини заедно со Зијадин Села и Африм Гаши.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни