Компаниите не ги обезбедувале навреме во целост договорените количества струја за компаниите, а кусокот го повлекувале од системот. Реагирале од МЕПСО, операторот бил принуден да интервенира и да го покрие кусокот преку системот за балансирање.
Регулаторите започнаа постапка за одземање на лиценца на двајца снабдувачи со електрична енергија. Не ги обезбедувале навреме во целост договорените количества струја за компаниите, а кусокот го повлекувале од системот. Реагирале од МЕПСО, операторот бил принуден да интервенира и да го покрие кусокот преку системот за балансирање.
„Набавуваа многу помали количества и врз основа на тоа овие две компании остатокот од електричната енергија се обезбедуваше преку системските резерви што ги чува МЕПСО. Тоа се резерви што ги имаме во нашите хидроелектрани и имавме ситуација хидроенергијата да се троши заради пазарни активности што е забрането и е против секоја логика“, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.