Направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани сe 339 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица. Најмногу, осум во Скопје. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.551 бројката на оздравени пациенти е 170.734, на починати е 6.577, а бројот на активни случаи изнесува 12.240.
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 781.623 граѓани.