Променливо облачно, претпладне со појава на краткотраен дожд, а од пладневните часови наместа нестабилно и свежо со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минимална температура: 7°C до 16°C, максимална температура: 18°C до 25°C
Од вторник ќе преовладува претежно облачно со нешто повисоки утрински температури, а дневните температури значително ќе опаднат. Врнежите ќе започнат како послаби во ноќта кон вторник и ќе биде врнежливо со поинтензивни врнежи во западните делови кои во вторник понекаде ќе бидат проследени со повремени грмежи и заилен ветер.