Македонија

Над 5.000 граѓани гласале во Брвеница до 15 часот, излезноста 31,17 отсто

Над 5.000 граѓани гласале во Брвеница до 15 часот, излезноста 31,17 отсто

Излезноста на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 15 часот надмина 31 отсто, а своето право на глас го оствариле 5.064 граѓани. Податоците ги соопшти Државната изборна комисија (ДИК), според која гласањето на сите 24 избирачки места се одвива непречено.

Од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список, на гласање излегле 31,17 отсто.

Во споредба со првиот круг од редовните локални избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0,62 процентни поени. Тогаш до 15 часот гласале 4.932 избирачи, односно 30,55 отсто од запишаните граѓани.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до прес-конференцијата на ДИК биле поднесени седум приговори. Два биле усвоени, по што на избирачите им била овозможена можност да го остварат правото на глас, еден приговор бил одбиен како неоснован, а останатите четири сè уште биле во обработка.

Од ДИК најавија дека следното информирање за текот на гласањето и излезноста ќе биде во 18:30 часот, со податоци заклучно со 18 часот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни