Шефицата на Европската комисија допатува во Скопје.
Урсула Фон дер Лајен рече дека дава целосна поддршка за отпочнување на пристапните преговори во декември, бидејќи регионов ја споделува европската иднина.
Позицијата на комисијата не е променета, уверува Фон дер Лајен, којашто посочи дека двете земји ги исполниле задачите и сега е ред на Брисел да се држи до својот дел од договорот.
Премиерот Заев очекува Бугарија да ја тргне блокада којашто негативно се одразува на целиот регион.
Ден по нејзината посета, кај нас на разговори со државниот врв доаѓа еврокомесарот за проширувцање Оливер Вархеји со слична мисија како минатата недела во Софија, да се најде решение за остранување на блокадата на Бугарија за почетокот на преговорите.