Свет

При влез на европејците во Обединетото Кралство задолжителен е пасош

Од денеска, европските и швајцарските граѓани наместо лична карта, ќе мора да покажат пасош доколку сакаат да влезат во Обединетото Кралство. Оние кои имаат привремен или постојан статус на британска територија ќе можат да ја користат до 31-ви декември 2025-та година.

Исклучок од мерката која е дел од новиот имиграциски план за Брегзит се и ирските државјани. Според британското МВР, оваа промена ќе овозможи да биде спречена злоупотреба на системот од страна на организираните криминални банди и други лица.

Статистиката покажала дека 48 проценти од фалсификуваните документи откриени на границата на Обединетото Кралство во 2020 година се европски и швајцарски лични карти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни