Македонија

Активни 12.087 случаи на Ковид-19

Бројот на активни случаи во државава изнесува 12.087 од кои најголем број – 5.536 се во Скопје. Во Куманово има 992 активни случаи, во Тетово 905, во Охрид 549, во Гостивар 472, во Кичево 423, во Струга 374.

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, при направени 3.425 тестирања регистрирани се 494 нови случаи на Ковид-19, 12 починати и 474 оздравени пациенти.

Надлежните и натаму апелираат невакцинираните граѓани да се вакцинираат. Заклучно со 29 септември вкупно се вакцинирани 786.979 граѓани, ревакцинирани се 726.625, а трета доза примиле 181 граѓани. Од граѓаните над 40 годишна возраст 52 отсто се ревакцинирании, а 32 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47,2 отсто, а со две дози опфатени се 43,6 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Во борбата против Ковид-19, достапна е и трета доза вакцина против Ковид-19 за здравствените работници, граѓаните над 60 години и лицата кои имаат имунокомпромитирана здравствена состојба, а кај кои има поминато шест месеци од примената ревакцина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни