Македонија

Исчезнатото момче веројатно се допишувало со девојка од Тетово – Се бара хакер за да се дознае идентитетот

Исчезнатото момче од Скопје на кое од вчера му се губи секоја трага најверојатно се допишувало со девојка од Тетово, велат неговите најблиски на социјалните мрежи.

Тие сега бараат хакер кој ќе може да влезе во неговиот компјутер или мобилен телефон, со цел да го откријат идентитетот на девојката. Како што стои во напишаното се работи за мирно момче, кое немало проблеми со коцка, дрога или било што.

Тој требал да ги пречека неговите родители кои се враќале од странство, но не се појавило па од тогаш се води за исчезнат.

-Ве молам помогнете ми да го најдам моето синче. Излезе синоќа околу 20:00 часот и последен пат е виден во Ѓорче Петров (СК) во 22 часот. Излезен е со една вбела Шкода, таблички SK1566AP. Ве молам помогнете ми, пишува мајката во објавата на Фејсбук.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни