Македонија

Висок процентот на починати кај невакцинираните граѓани

И натаму висок бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема- покажува анализата за периодот од 6-ти август заклучно со 30-ти септември.

Од починатите 1.162 лица, 987 не биле вакцинирани. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на коронавируост.

Според податоците од здравство, со две дози имунизирани речиси 44 проценти од популацијата во земјава. Иако процентот на новозаразени опаѓа, се уште е висок процентот на починати. Од ресорот објаснуваат дека главно тоа се пациенти со тешки коморбидитети. Бројот на активни случаи е нешто над 12 илјади. Најмногу се во Скопје, Тетово и Куманово.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни