Министерството за здравство повторно направи збрка околу бројот на новозаразени со коронавирус, како и бројот на починати лица.
Маил-от испратен од Министрството за здравство до медиумите ги содржи истите бројки кои вчера беа испратени до медиумите.
Зошто е ова вака, како е настаната оваа грешка и што се случува со ковид статистиката засега нема информации.

