Македонија

(ВИДЕО) Максим Димитриевски: Куманово е Македонија во мало, тоа е мултиетничноста, соживотот и иднината на земјата

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, во дебатната емисија на телевизија Клан истакна дека Куманово е Македонија во мало и дека тоа е мултиетничноста, соживотот и иднината на Куманово.

„Ќе работам во сите делови. Куманово е Македонија во мало. Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Македонци. Јас сум градоначалник во моментов, барам поддршка за да останам градоначалник и да продолжам да работам за сите граѓани како што и претходно работев, бидејќи не смее и нема поделби во Куманово. И ако ме прашате кој е најдобриот проект на Максим Димитриевски во овие 4 години, ќе ви кажам – не е тоа инфраструктурен проект, тоа е проектот на 8 ноември 2019 година кога имавме 10 илјади млади Албанци, Срби, Роми, Власи кои пееја на концерт на Два бона и други изведувачи, од други етнички заедници. И тоа е мултиетничноста, соживотот и иднината на Куманово“, рече Димитриевски.

4NEWS.mk во текот на изборната кампања, партиските соопштенија ги испраќа интегрално.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни