Македонија

Ивановска: За 4 години во Ѓорче е изградено два пати повеќе отколку за 12 години

Темпото на СДСМ веќе јасно е препознаено од ѓорчепетровци. За четрири годни асфалтиравме улици во должина од 34, 7 километри, поплочени со бехатон се улици во должина од 5,3 километри, поставена е фекална канализациона мрежа од 40 километри, водовод од 4,8 километри, изведени се паркиг простори на површина од 7710 метри квадратни, поставена е атмосферска канализација во должина од 5,1 километар.

За четири години е двојно повеќе сработено отколку во изминатите 12.
Нашата програма го има најдоброто за Ѓорче Петров.

Во следните четри години ќе продолжат инвестициите во подземната инфраструкра, со изведба на атмосферска, канализациона и водоводна мрежа, асфалт наместо кал, реконструкција на улиците , локалните и полски патишта, изградба на велосипедски патеки, и поддршка на инфраструктурата неопхдна за развој на алтернативниот туризам.

Комуналната инфраструктура ќе остане во фокусот, а општините плански ќе ги зајакнуваат капацитетите на јавните градски претпријатија.

Високо на нашата агенда е чистата и здрава животна средина-Чиста наместо загадена вода, Хигиена наместо ѓубре.
Чесно и отчетно, работиме со партие од граѓаните за граѓаните.

Заокружувањето на бројот 12 е заокружување на сигурна иднина.

12 е бројот за развојно Ѓорче

4NEWS.mk во текот на изборната кампања, партиските соопштенија ги објавува интегрално.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни