Македонија

Полицијата уапси 24 годишник за тешка кражба и напад врз службено лице – при претрес во неговиот дом пронајдено…

На 02.10.2021 во 16,30 часот на подрачје на Гази Баба од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода Д.Т.(24) од с. Марино, скопско поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела „тешка кражба“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ казниви по чл.236 и чл.383, а при претрес во неговиот дом бил пронајден амфетамин и табакера со остатоци од прашкаста материја.

По целосно докумeнтирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни