Македонија

МВР вчера фатила 141 возач кои возеле под дејство на алкохол – ова се деталите…

На 02/03.10.2021 во периодот од 22.00 до 04.00 часот полициски службеници од СВР Штип спроведоа засилена акциска контрола на подрачјето на СВР Штип за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, кај 20 возачи било утврдено дека управувале моторно возило под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај, времено одземени им се возачките дозволи и издадени им се прекршочни платни налози.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.10.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65, 24 за возење под дејство на алкохол, 11 за возење без возачка дозвола. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, 15 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 52 за непрописно паркирање.

На 02/03.10.2021 во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 141 возач. Од нив, 30 на територијата на СВР Битола, 20 на територијата на СВР Штип…

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни