Македонија

Собраниската работната група за помирување го утврди предлог-законот за помилување на учесниците на 27 април

Собраниската работната група за помирување денеска го утврди предлог текстот на законото решение за помилување за учесниците во настаните од 27 април.

„На денешното продолжение на седницата на подгрупата за помирување го разгледувавме и дојдовме до предлог текст за амнестија којшто е консензуално прифатен од сите членови на подгрупата и од другите пратеници кои беа присутни на седницата“, соопшти Рамчиловиќ.

Телото за помирување очекува во најбрз можен рок да се закаже седница со што нивниот предлог да биде разгледан, за да добие законска форма и влезе во собраниска процедура.

„Во моментот нема да излегуваме со детали за предлог тексот за амнестија, но е направена правна формулација и направена е јасна дистинкција помеѓу лицата кои што се организатори и насилниците на 27 април. Оставивме можност во предлог текстот за сите оние што сакаат да го продолжат процесот, истиот текст ќе треба секое лице да бидеме опфатени во процесот да поднесе барање за амнестија.

Процесот што треба да даде одговор за тоа што се случи на 27 април ќе продолжи и правдата ќе си го најде местото“, рече Рамчиловиќ.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни