Македонија

„Нема повеќе лебарки и ладни радијатори“, Стив Наумов станува студентски хотел

„Нема повеќе лебарки и ладни радијатори“, Стив Наумов станува студентски хотел

По долгогодишни поплаки за мизерни услови, студентскиот дом „Стив Наумов“ оваа академска година станува вистински хотел со реновирани соби, топла вода, енергетска фасада и сензорно осветлување! Министерката Јаневска во интервју за 4ТВ со гордост најави дека санитарните услови, храната и грејњето конечно се на највисоко ниво – „нема веќе лебарки, нема повеќе студ“.

Во моментов, студентите кои ги исполнуваат условите се сместени, а во подготовка е комерцијален модел за пополнување на преостанатите капацитети по достапни цени за другите млади. „Гоце Делчев“ и „Кузман“ се следни на списокот за целосна реконструкција, а за првпат годинава министерството говори за соодветно инвестирање во студентскиот стандард, кој повеќе нема да им биде препрека на младите да останат и студираат во државата.

Министерката рече дека задачата на студентите од сега е да учат и да постигнуваат резултати, а не да преживуваат по домските ходници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни