Претежно облачно, во текот на денот со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
И во следните денови ќе бидеме под влијание на влажна воздушна маса, времето ќе се задржи претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, на места со пороен карактер и проследени со засилен ветер.