Идентификуван е напаѓачот од Стразбур, кој на Божиќниот базар уби три лица и рани 14. Полицијата трага по него. Социјалните мрежи се преполни со страшни снимки.Француската полиција го идентификувала осомничениот како Шериф Шекат (29).
Еден полициски извор изјави дека Шекат претходно бил вмешан во 25 судски случаи, вклучувајќи и повеќе посериозно случаи на кражби. Осомничениот е во бегство откако синоќа изврши напад на Божиќниот базар во центарот на Стразбур, а пет лица се приведени во рамките на истрагата за овој напад.