-Народниот херој од 11 октомври од Прилеп – носителот на нашата советничка листа ИВАН Јованоски, кој му го покажа местото на Заев на буништето од Историјата – денес е повикан на распит во полициска станица!?, напиша Апасиев на Фејсбук.
Активистот на Левица, Јованоски, на 11 Октомври, ја предводеше групата која го блокираше приодот до Могилата на владината делегација и му дофрлаше на премиерот Зоран Заев, а подоцна имаа и мал зајадлив вербален конфликт.
Говорете ми нежно за „бутнавме Режим со пенкало“, објави Апасиев.